Тајните служби на Велика Британија се на нозе откако добија информација дека во еден англиски хотел се појавил најбараниот терорист во светот Samanta Loutvejt, позната како Белата вдовица.
Саманта се наоѓа на црвената потерница на Интерпол, а се шпекулира дека е одговорена за смртта на повеќе од 400 луѓе.
Лондонски Мирор објави дека сведок ја видел Саманта во Англија и за тоа ја информирал полицијата.
Станува збор за хотел во Дарлингтон, кој е во сопственост на познатиот бизнисмен и ТВ ѕвезда Данкан Бенетјан.
Последен пат Саманта беше видена во 2011 година, кога таа побегна од Кенија.