Мицкоски: Народот на 12 април ќе го извади црвениот картон за Заев


Одново сме пред голем предизвик, судбоносен за нашата земја. Прво никогаш нашиот народ не живеел потешко и второ СДСМ и Зоран Заев ќе паднат. Ова е финалето кога морад да се испорача цехот. ВМРО – ДПМНЕ помина низ сите премрежја и сите велиме дека победуваме.

Ова денеска во Прилеп го рече лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Без работа нема напредок, без работа нема ништо. Мрзливоста му ја оставаме на нашиот противник. Не нѐ плаши потта, напротив не инспирира. Заев паѓа затоа што го издаде и не го следи Гоце Делчев. Заев паѓа затоа што нема труд и постојанство! Заев паѓа зошто не работи, а многу лаже. Заев паѓа зашто го подели народот и донесе омраза. Наместо 3 години на реформи тој посвети три години на прогон кон опозицијата, патриотите, новинарите, бизнисмените кои ги рекетираат. Само под оваа власт, новинарите се гонат зошто пишуваат за криминалците, а тие седат во скутот на власта. Медиумите се делат на провладини, и опозициски, а за оној кој Заев вели дека е провладин, газдата правеше рекет со Обвинителката која првиот човек на владата иако знаел дека рекетира ја предлагаше за унапредување во државен јавен обвинител. Заев паѓа затоа што приведува, испрашува и истражува новинари кои се дрзнале да говорат за неговите криминалии. Заев паѓа зошто тргуваше со Македонија. Зашто го даде она што на сите ни е свето, но за возрат не се доби ништо. Заев паѓа зошто смени име и идентитет без да го слушне народот. Заев паѓа зошто криминалот е голем и тој извира од врвот на власта. Зошто во Македонија имате СЈО кое рекетира, Рускоска која обвинува и Кацарска која суди, а на крајот е Јовевски, кој е тука да заштити. Сваровски судството се замени со Луј Витон судството чија цел наместо правда се куфери полни со милиони во џебовите на политичарите на власта. Заев паѓа зошто нема правда, ама нема ниту мир. За три години ниту еден криминалец не е зад решетки. А има и такви кои ги пуштаат на слобода, да им завршат по некоја работа и за да ги пофалат. Затоа што нема друг премиер во Европа кој фатен на снимка како бара поткуп си се самоамнестираше кога стана премиер. Ама кога лепи раката ќе продолжи да лепи, па потоа го видовме дека нуди мито и за Вартоломеј. И нема правда не затоа што СЈО сега стана непосакувано чедо, туку затоа што тие го криминализираа и стана алатка на Власта за изнуда. Болната реалност е зашто премиерот направи пакт и стана промотор на криминалот, вели тој.

Заев паѓа зашто излажа и за платите на докторите, за просечната плата на работниците, за чистиот воздух кој никогаш не дојде. За Гугл, Фејсбук, Санос и Вослфаген кој никогаш не се случија. За жицата која ја скина, за раните кои ги отвори… Смилковско, нерасветлените убиства, несигурноста, додава Мицкоски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1