Мијалков побара извинување од „Фокус“ – новинарите размислуваат


Извинување од Фокус, уредничката Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов, побара адвокатот на директорот на УБК, Сашо Мијалков, на првото судско рочиште што се води за наводно сторена клевета од весникот, кој пренел изјави од  поранешниот амбасадор во Чешка, Игор Илиевски.

g_saso-mijalkovПредлогот начелно го прифатија адвокатите на весникот, но не и новинарите, кои побараа време да одлучат.

Првиот човек на УБК реши со тужба, во која побарува нематеријална штета од 27.000 евра, да ги брани честа и угледот, по објавувањето во „Фокус“ на текстовите со наслов „Избегав поради притисокот од Сашо Мијалков“ и „Амбасадата во Чешка под закана за бомби, МНР не мрда со прст“, засновани врз сведоштвата на амбасадорот Илиевски, кој сега живеел некаде во Полска.
Второто рочиште по кое ќе се знае дали спорот ќе биде спогодбено решен или ќе оди на судење, ќе се одржи кон крајот на идниот месец.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1