Милан Калиниќ со автомобил удрил човек, па платил да не му се суди


Познатиот српски водител Милан Калиниќ во 2013 година предизвикал судар во кој тешко бил повреден извесен Сава Аќимов, но водителот нашол начин да ја заобиколи кривичната пријава.

Откако српските медиуми неодамна објавија дека Милан пред неколку дена добил казна бидејќи престигнувал на полна линија и возел автомобил кој не бил регистриран, српски „Курир“ дознава дека Калиниќ ја избегнал казната и за сударот кој го предизвикал во Панчево пред 2 години. milan-kalinic

Меѓутоа Калиниќ се провлекол без последици така што се спогодил со тужителството и уплатил 40.000 српски динари во хуманитарни цели, по што била отфрлена кривичната пријава против него.

– Во овој случај применето било начело, со кое Милан се договорил со тужителството и на тој начин го избегнал судењето – изјавиле од основното јавно тужителство во Панчево.

Парите биле уплатени во март 2014 година и тогаш кривичната пријава против актерот и водителот е отфрлена.

Аќимов изјавил дека судирот можел да биде фатален за него.
– Не ме пропушти на раскрсница иако имав првенство на минување и се судри во мене. Летнав на автомобилот, удрив со глава во шофершајбната. Се освестив по десет минути а тој не ми пријде. Сигурен сум дека би избегал доколку автомобилот му беше исправен – раскажал Сава и додал дека Калиниќ бил многу арогантен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1