Зачини и зеленчук кои можете да ги одгледувате во кујна! (Видео)


Помеѓу бројните здравствени благодaти, градинарството може да ви помогне да го намалите стресот и да го подобрите здравјето. Но, што ако живеете во мал простор и немате градина? Не грижете се! Ви откриваме кои зачини можете да ги одгледувате во кујната или на терасата.

zacini bilki doma gradina
1. Алое вера

Потребни и се собни услови и температура до 21 степен, но и многу сончева светлина. Сака сува земја, па затоа треба да и ставате малку вода на 2 до 3 дена. Одлична е за гребаници или било какви иритации на кожата.

2. Мали домати

Минијатурната сорта од домати може да расте на мала површина. На доматите им е потребно многу светлина и топлина, па можете да ги ставите покрај прозорецот.

Умереноста е клучна кога станува збор за овие плодови, па така земјата треба да биде влажна цело време, но мора да ја проверувате количината на водата. Доматите, имено, се богати со витамините А, Ц, К и бетакаротен.

3. Босилек

Најдобро успева на светли и топли места. Саксијата треба да биде доволно голема со доволно земја во неа, која мора да биде влажна, но не премногу.

4. Спанаќ

Ова здраво растение исто така можете да го одгледувате во вашиот дом. Најдобро успева на место со умерена температура и светлина. На спанаќот му е потребен многу простор во пределот на коренот, па затоа најдобро е да одберете длабока саксија. Спанаќот е богат со протеини, витамините А и К, фолна киселина, но и со влакна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1