Иако смртта на нејзиниот сопруг Драган Николиќ и падна многу тешко, Милена за помалку од еден месец повторно застана на нозе.
Милена Дравиќ по смртта на својот Гаго одлучила да не дозволи болката да ја уништи, па собрала сила и се вратила на сминањето на серијата „Соседи“.
-Добро сум, работам. Пред два дена го завршив снимањето на серијата „Соседи“ со Милан и Мима Караџиќ, вели Дравиќ.
Таа ги демантира пишувањата во некои медиуми дека е во болница и дека се лекарите се борат за нејзиниот живот, но и покрај овие невистини останала смирена.
-Страшно е тоа што се пишува дека се борам за живот. Многу ненормални работи се пишуваат. Јас сум моментално во својот дом, додава актерката.
Мима Караџиќ вели дека Милена е многу храбра и силна жена, но и голем професионалец.
-Милена нормално работење и снимаше како и секогаш. Жена со таква сила и храброст беше важно да се врати на глумата. Нашата екипа беше внимателна кон неа. Милена е еден волк. Лавовски се бореше за Гаго до последниот здив, секоја чест, додава Мима.