Жена од Кина поседува милиони. Пари и недвижнини кои ги издава, а работи во комунална хигиена, на улиците.Ју Јузхен веќе 10 години го собира ѓубрето од улиците, а со тоа сака да им даде пример на своите деца дека мораат да заработуваат за живот.
-Не ми е грижа колку пари имам. Луѓето мораат да работат и да јадат се додека се живи. Инаку се чувствуваш бескорисно, вели Ју.
Нејзините работодавачи се презадоволни, велат дека одговорно ја врши својата работа.
Ју Јухзен и нејзиниот сопруг работеле на фарма, а потоа таа почнала да работи во комунална хигиена. Богатството стигнало одненадеж. Тие добиле 21 недвижнина во замена за куќите што им биле срушени и така станале милионери, но не престанала да работи никогаш, вели и дека нема да престане бидејќи би се чуствувала бескорисно.