Милионерка си го убила синот кој боледувал од аутизам – за да го поштеди од болестта


Џиџи Џордан е 54-годишна бизнисменка која се збогатила отворајќи фармацевтска компанија со поранешниот сопруг. Оваа милионерка, покрај тоа, и’ стана позната на јавноста како жената која си го уби својот осумгодишен аутистичен син на тој начин што му дала смртоносен коктел од лекови и алкохол.

Оваа бизарна несреќа се случила во февруари, 2005-та година во хотелот “Peninsula” во Њујорк, а неодамна започна нејзиното судење.Screenshot_46
Џиџи на својот син му дала коктел од неколку стотици лекови, алкохол и сок од портокал. Како што вели, таа на овој начин сакала само да му помогне да не се мачи бидејќи момчето боледувало од аутизам и пострауматски стрес. Сепак, обвинителот нагласил дека момчето тој ден многу се мачело и умирало неколку часа, а таа не направила ништо да му помогне.

Таа, по разводот од својот прв сопруг со кој се збогатила, решила да му се посвети на болното синче. Сепак, и покрај сите пари не успеала да најде соодветен третман за него и смета дека на овој начин му донела мир. Исто така Џиџи тврди дека нејзиниот син бил сексуално злоупотребуван од неговиот татко, а и од нејзиниот втор сопруг, бугарскиот инструктор по јога, Емил Чеков. Таа злоупотреба според неа влијаела врз тоа што син и’ се разболел, а тврди и дека нејзиниот син неколку пати се обидел тоа да и’ го каже.

Џиџи мислела и дека нејзиниот прв сопруг сака да ја убие, а кога таа би била мртва, нејзиниот син би дошол во рацете на својот биолошки татко и злоупотребата би продолжила. Сепак, ниту еден од нејзините сопрузи никогаш не биле обвинети и го негираат ваквото тврдење.

Доколку Џиџи биде прогласена за виновна за убиство од втор степен би добила доживотна казна затвор.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1