Министерот за одбранаТалат Џафери бил и кривично осудуван


Новиот македонски министер за одбрана Талат Џафери, пред да дојде на оваа функција, бил осуден на казна затвор, дознава Балкан Инсајт.

Според конечната пресудата од 2011 година, до која дојде Балкан Инсајт, судот во Тетово одлучил, тогаш пратеникот Џафери, да не го прати во затвор, доколку во рок од две години, по правосилноста на пресудата, не направи ново кривично дело. Овој услов истекува на крајот на овој месец. Тој спречил полицаец да интервенира по завршување на митингот на Демократска унија на Албанците (ДУИ).

talatПрофесор од Правниот факултет во Скопје, кој инсистираше на анонимност, за Балкан Инсајт изјави дека македонската законска регулатива не ги ограничува лицата кои се осудени да извршуваат државни или јавни функции, доколку судот, покрај казната, не изрече и забрана за вршење на определена професија.

„Овде станува збор за морална дилема. Дали лице кое е осудено за насилство врз припадник на безбедносните сили може да ги води тие сили“, вели професорот.

Јавното обвинителството во Тетово, според истражувањето на Балкан инсајт, против Џафери покренало обвинение, со број 325 од 25.06.2008 година, за кривично дело „учество во толпа што спречува службено лице (полицаец) во вршење на службено дејствие“.

Постапката пред судовите во Тетово, а подоцна и во Гостивар, каде пресудата била обжалена, се водела околу три години.

talatdzaferi_1Првостепениот суд во Тетово на 14.10.2010 година донел пресуда, дека сегашниот министер за одбрана Талат Џафери, е виновен за спречување на полицаец да интервенира. Апелацискиот суд во Гостивар, ја одбил неговата жалба и ја потврдил претходно објавената пресуда. Во пресудата на судот во Гостивар стои дека во казната затвор од шест месеци, му се пресметува и времето од 13.06.2008 до 19.06.2008 година, што Џафери го поминал во притвор.

„Делото за кое е обвинет, Талат Џафери го извршил на крстосницата на улиците Маршал Тито и Видоа Смилевски Бато, кај тетовскиот Монопол (тутунски комбинат) на 29 мај, околу 21 часот“, изјави јавниот обвинител од Тетово, Зулќуфли Ракипи.

„Со пресуда од 14.02.2011 година, Апелацискиот суд во Гостивар, ја одбива жалбата на обвинетиот Џафери и ја потврдува пресудата на тетовскиот суд“, вели Ракипи за Балкан Инсајт.

ВЕЧЕРВА – ТВ ДУЕЛ – СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ VS ТАЛАТ ЏАФЕРИ

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1