Со демант, се огласија од Министерството за здравство. Информациите на социјалните медиуми дека министерот за здравство, Венко Филипче ја вакцинирал неговата внука Илина од МРП вакцина е лажна вест!
На социјалната мрежа фејсбук, министерот Филипче објави информација и фотографија како ја вакцинира внуката со вакцина од редовниот календар на имунизација, со цел со неговиот личен пример да и покаже на јавноста дека вакцинацијата е вистински чекор во заштита од заразните болести. Апелираме граѓаните да ги проверуваат вестите кои се пласираат во дел од медиумите, бидејќи станува збор за лажни вести.