Царовска: На 12 илјади лица со години не им биле префрлани средства во вториот пензиски столб


На 12 илјади работници, без овие пари пензиите во иднина ќе има биле далеку помали. Случајот го обзнани министерката за труд Мила Царовска.

Станува збор за работници кои работат и во јавниот сектор и приватно. Се движат на возраст од 40тина години, и најголемимот дел од нив се првовработени. Најголемите задржувања почнале во периодот од 2009та и 2010та година. Граѓаните не знаеле за ова. Направена им е штета, на секој поединечно по 6 500 евра или 400 000 илјади денари.

– Овие 12.000 наши сограѓани во периодот од 2007 до 2018-та година изгубиле по околу 400.000 денари. Не им се префрлувале придонесите во вториот пензиски столб. Овие граѓани ќе добијат писма во наредниот период од пениските друштва и од МАПАС дека ќе бидат обештетени. Најголемите задршки почнувале да се случуваат помеѓу 2009-та и 2010-та година – изјави Царовска.

Државата ќе ги обештети, за што веќе и има обезбедено пари во буџетот. На овие граѓани, ќе им пристигне писмо, преку кое труд, ќе ги извести. Царовска вели дека за скандалот се знаело со години, но никој од надлежните досега не реагирале. Ниту ПИОМ, ниту МАПАС, ниту Агенцијата за вработување. Не впери прст во ниедна институција, бидејќи вели, мрежата е сложена и голем број институции се вклучени во системот на пензии. Случајот го откриле експертски анализи.

– По направената анализа на пензискиот систем заедно со меѓународните финансиски институции се утврди скандалозна неправда што се однесува на 12 илјади осигуреници или идни пензионери. На овие 12 илјади лица воопшто придонесите не им биле префрлани кон вториот столб иако работодавачот го уплаќал придонесот. Финансиските средства останувале во пензискиот систем во првиот столб. Секој од овие граѓани со просечна плата меѓу 2007 и 2018 година изгубил околу 400 илјади денари, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Царовска, за дупката во ПИОМ вината ја гледа во претходната власт. Уверува дека со законските измени, сите пензионери и оние идните ќе имаат сигурни и безбедни пензии.

Случајот сега се префрла во обинителство. Министерката сите документи ќе ги предаде таму, па чија е вината, сега, ќе истражуваат тие.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1