Министерството за здравство со демант за состојбите во неготинскиот здраствен дом


Реформите ја зафатиле и болницата во Неготино, јавуваат за Либертас жители од овој град. Објаснување било дека штом имаат болница во пречник од само 10 километри (Кавадарци) оваа немало потреба да работи и да прави трошоци.

-Имавме гинекологија. Сега за породување неготичанките мора да одат во Кавадарци. Објектот на болницата иако е во одлична состојба сега е празен.Медицински персонал речиси и нема – тврдат читателите на Либертас.Според нив болницата ја одржуваат само неколкуте хигиеничарки кои кога било зорт ставале и инјекции.

На овие наводи стигна и демант од Министерството

Во продолжение реакцијата од Министерството за здравство

negotino bolnicaМинистерството за здравство остро реагира на наводите изнесени во написот „Неготинската болница без персонал. Инjекции ставале и хигиеничарките“. Прво, станува збор за комплетно дезинформирање на јавноста со терминот ‘неготинска болница’ – јавната здравствена установа во овој град е Здравствен дом, во кој се врши дејност од примарно ниво со амбулантско-поликлиничка дејност. Во оваа здравствена установа, докторите-специјалисти вршат амбулантски прегледи на пациентите, пропишуваат терапија и по потреба ги упатуваат пациентите на повисоко ниво на здравствена заштита.

Само во изминатите две години, во Здравствениот дом во Неготино се вработени 6 доктори од различни специјалности, а за тековната и наредните две години предвидено е уште по 1 вработување на доктор на годишно ниво. Моментално, во Здравствен дом Неготино се вработени вкупно 108 лица, меѓу кои 19 доктори (дополнително, 3 доктори се испратени на специјализација), 38 медицински сестри, како и лица од останат медицински и административно-технички кадар.

Итната медицинска помош функционира во рамки на Здравствениот дом, со 4 медицински тима кои опфаќаат доктор, медицинска сестра и возач, а добиена е согласност за вработување на дополнителни 3 тима за потребите на итната медицинска служба. Итната медицинска помош обезбедува здравствени услуги за населението од регионот на Неготино, Демир Капија и околните населени места, односно за вкупно 30 илјади жители.

Во рамки на Здравствениот дом континуирано се обезбедуваат здравствени услуги од областа на офталмологија, физикална терапија и рехабилитација, психијатрија, дерматовенерологија, како и кабинет за рендген-дијагностика и лабораторија со 1 доктор и 5 лаборанти. Исто така, во оваа установа функционираат три превентивни тимови – детски превентивен тим (за деца до 14 години), стоматолошки превентивен тим и превентивен тим за имунизација.

Податоците говорат дека континуирано се вложува во целокупно унапредување на работата на оваа здравствена установа, во однос на зајакнување на кадарот, а со тоа и обезбедување на поквалитетни здравствени услуги за жителите од овој регион.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1