Пожар во Штип – Изгоре холот на штипскиот Трговскиот центар (Видео)


Рано утринава од засега се уште неутврдени причини, избувна пожар во холот на Трговскиот центар во Штип. Целосно изгореа тезгите, а големи штети имаат сите дуќани во овој дел на најголемиот трговски објект во градот.m-pozarrr-trgovski

45 минути траеле интервенцијата на Противпожарната единица, која со брзата интервенција спречила поголема катастрофа. Во холот беа сместени над 30 импровизирани тезги, кои не беа по сите стандарди.

„До­бив­ме по­вик од по­ли­ци­ја­та око­лу 4 ча­сот, и вед­наш, со две во­зи­ла, се упа­тив­ме кон Тр­гов­ски­от цен­тар. Има­ше го­лем пла­мен за­тоа што тез­ги­те би­ле пол­ни со кар­то­ни. Пла­ме­нот за­фа­ти и дел од плас­тич­на­та пок­рив­на конс­трук­ци­ја, ко­ја бук­вал­но се сто­пи од ви­со­ка­та тем­пе­ра­ту­ра. За не­полн час го ло­ка­ли­зи­рав­ме по­жа­рот. Ус­пе­ав­ме ба­рем да ги спа­си­ме бу­ти­ци­те и ду­ќа­ни­те на­о­ко­лу”, ве­ли ко­ман­ди­рот на Штип­ска­та про­тив­по­жар­на еди­ни­ца Ки­ре Пат­рак­ли­ски.

048BF716AF7D6A42ABA9264FFA1BC502

Многу пати имаше обиди за дислокација во други делови на градот, но сите беа безуспешни.

Најпогодени од пожарот се сопствениците на тезгите, за кои услови за работа ќе нема подолг период. За среќа нема повредени во огнената стихија која утринава го зафати Трговскиот центар во Штип.

Видео – тв Ирис

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1