Девојчето со искривен рбет ќе мора да чека да се отвори спинален центар за лекување сколиози во земјава па дури тогаш да и се изврши сложената операција. Ова го потврди директорот на фондот за здравство Џемали Мехази.Тој не сакаше да ги коментира неофицијалните информации дека министерството за здравство испратило допис до сите здраствени институции за стопирање на лекувањата во странство на болните од сколиоза.. Сепак во оваа насока оди неговата изјава дека токму поради ова второстепената комисија одбила да и одобри на 10 годишната Тамара Димовска од Велес лекување во Хрватска кое би било на товар на државата, јавува Телма.
И покрај обидите не добивме одговор од Министерството за здравство дали е точна информацијата дека министерот Никола Тодоров ставил свој потпис на дописот кој е испратен до сите институции кои одлучуваат за лекување сколиоза во странство. Но Мехази не е убеден дали новоотворениот центар ќе има капацитет за лекување на сите видови на сколиоза, вклучувајќи ја и онаа на 10 годишната Тамара.
Малата Тамара која има вродена болест на рбетот не може да чека. Нејзината состојба од ден на ден се повеќе се влошува поради што и се заканува опасност да остане траен инвалид. Болеста напредува експресно, па за само неколку месеци нејзиниот р бет од 40 проценти достигна извиткување од дури 80 проценти. Второстепената комисија при фондот за здравство даде негативно мислење за нејзиното лекување во странство. Агонијата да биде уште поголема ниту еден лекар од земјава не се согласува да ја оперира.И додека државата одбива да плати за лекувањето на девојчето во странство, по објавување на сторијата се јавија илјадници граѓани кои сакаат да донираат за лекување на Тамара во Хрватска кое чини 30 илјади евра.