Министрите на СДСМ дадоа свечена заклетва во преодната Влада,оставките неизвесни


Оливер Спасовски и Фросина Ташевска – Ременски – и двајцата од редовите на СДСМ денеска во Собранието дадоа свечена изјава како дел од преодната влада предводена од Емил Димитриев со мандат до изборите.spasovski remenski

Потегот Спасовски и Ременски да дадат заклетва доаѓа по синоќешната одлука на Централниот Одбор на СДСМ, нивните министри да учествуваат во Владата до распуштањето на парламентот, односно 24. февруари, со ултиматум дотогаш да се корегира датумот за изборите . Доколку нема промена во датумот за избори, од СДСМ вчера посочија дека партијата дополнително ќе одлучува за нивното понатамошно учество во Владата и Собранието.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денеска го поздрави чинот на министрите и вели дека добро е што опозицијата „покажала конструктивност“.

-Го поздравувам враќањето на опозицијата во Собранието и давањето свечена изјава на министрите. Мислам дека е добар гест да се вратат во институциите и да се исполнат обврските од Договорот од јуни- јули. Мислам дека има и други проблеми кои треба да се надминат, но добро е што СДСМ се врати во Собранието и покажа констуктивност, рече Димовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1