Мисија лудост: Руски авантуристи се искачиле на зграда висока 370 метри – Видео


ludost1Тим од руски авантуристи изведил потфат еднаков на акциите на Том Круз од „Невозможна мисија“, и успеале да ги измамат сите безбедносни системи и се искачиле на врвот од недовршената зграда во центарот на Москва која наскоро ќе биде највисоката градба во Европа со 370 метри висина.

ludost2

Младиот планинар Витаљ Расколов собрал тим од четири члена и направил план за освојување „Меркјури сити кулата“, чија изградба е во последна фаза и која кога ќе биде довршена ќе биде највисоката зграда во Европа.

ludost3

Зградата во оваа фаза од изградбата е обезбедена со сложен систем од камери за видео надзор, детектори, чувари, како и голем број работници кои се подготвени, според зборовите на Расколов, не само да го вклучат алармот, туку и гадно да ве претепаат.

ludost4

Расколов и неговиот тим морале да осмислат како да ги совладаат сите физички препреки и да се искачат на врвот од оваа зграда. Отежнувачките околности се и лошите временски услови, снег, ветер и исклучиво ниските температури.

ludost5

– Не постои легален начин обични луѓе да се искачат горе на врвот, изјавил Расколов, кој со својот тим со недели смислувал план како да ги исмамат камерите и чуварите.

ludost6

Екипата влегла во зградата преполна со градежни работници. Се искачиле на стрмните скали, а потоа чекале да дојде смената за да стигнат до кранот кој се наоѓал на врвот.

ludost7

На располагање имале малку време, а двајца од вкупно петмината урбани планинари останале на половина пат.

Останатите тројца, на чело со Расколов, го извеле овој опасен потфат и се искачиле на замрзнатиот кран, а својата мисија ја документирале со мини камера.

ludost8

Како знак дека успеале, на кранот оставиле неколку налепници во облик на гром, а потоа се спуштиле на земја.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1