Мисицата се бори за живот: Поранешната мис на Австрија паднала во провалија висока 30 метри!


26-годишната Ена Кадиќ, мис на Австрија 2013. година, се наоѓа во животна опасност откако во петокот паднала во провалија во близина на платформата за набљудување на брдото Бергизел во Тирол.

Пред да ја загуби свеста, успеала преку телефон да го извести својот брат што се случило, и била пренесена во болница во Инсбрук, каде лежи на одделението за интензивна нега.misica soobrakjajka

Во петокот во 13:30 часот, Ена му се јавила на својот брат на телефон и го известила дека лежи тешко повредена под платформата за набљудување на Бергизел.

Семејството ги повикало итните служби, а полицијата известила дека Кадиќ ја пронашле двајца студенти.

“Успеавме да ја пронајдеме жената и одлучивме со хеликоптер да ја префрлиме во клиника”, рекол Габриел Веингер од екипажот на хеликоптерската итна служба “Kristoforus 1”.

Виенскиот дневник Kronen Zeitung пишува дека околностите за трагичниот настан се многу мистериозни.

“Моментално не знаеме дали 26-годишната девојка трчала низ шумата или се шетала по планината. Факт е дека е пронајдена на 30 метри под платформата”, рекол главниот инспектор Ернст Кранебитер.

Лекарите констатирале тешки внатрешни повреди и ја пренеле на одделението за интензивна нега, каде што и сè уште се наоѓа.

Кадиќ по падот била способна за комуникација, но по спасување повеќе не се освестила.

Според првите извештаи, Ена нема повреди на главата, но има тешки внатрешни повреди.

Дневниот весник Tiroler tageszeitung објавил дека од клиниката во Инсбрук порачале дека состојбата на Ена е “премногу критична”.

Полицијата моментално ја исклучува можноста дека станува збор за обид за самоубиство.

Сè уште не е познато како дошло до несреќата. Како што се дознава, девојката често трчала на Бергизел и не е исклучена можноста да станува збор за несреќен случај. Надлежните ќе го испрашаат и човекот со кого тренирала и со кого се состанала кратко пред несреќата.

Весникот Heute известува дека тој денес треба да се врати од странство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1