Мислеле дека е бездомник, а тој им оставил 6 милиони долари


Роналд Рид од Бретлбор, Вермонт, кој починал минатата година на 92 години, често примал помош од хумани луѓе.

Овој скромен човек ја воодушеви јавноста, кога по неговата смрт е објавено дека оставил 6 милиони долари на локалната болница и библиотека.milionerhomeless

Тој починал на 92 години и никој не знаел дека е мултимилионер.

Роналд носел стара истрошена јакна, затоа луѓето често му го плаќале појадокот, му донирале гардероба, бидејќи делувал сиромаво.

– Никој не можеше да претпостави дека човекот е милионер. Кога слушнавме дека ни оставил толку пари, бевме навистина изненадени – вели портпаролката на библиотеката.

Тој кога починал оставил 8 милиони долари, шест ги донирал за болницата и библиотеката, а останатите два ги поделил на семејството и пријателите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1