Мистерија: Мумифициран свештеник стар 200 години – не е мртов (Видео)


Мумифицираниот свештеник кој неодамна бил пронајден во неверојатно сочувана состојба во Монголија, ги изненадил, како самите пронаоѓачи, така и целиот свет, затоа што будистичките свештеници тврдат дека тој всушност е жив!

Имено, будистичкиот свештеник бил пронајден во “лотус положба”, но и покрај тоа што научниците велат дека тој е мртов, свештениците нагласуваат дека тој само е во состојба на длабок медитативен транс, пишува БиБиСи.svestenik1

Моментално во тек се подетални форензички истражувања, а за научниците се уште е мистерија како телото на свештеникот останало во толку добро сочувана состојба. Се верува дека за тоа, наместо “длабокиот транс”, заслужни се студените зими во Монголија.

Докторот Бери Керзин, физијатар на тибетантскиот духовен водич Далај Лама, во разговорот со новинарите од Siberian Times објаснил дека свештеникот е во сосема ретка медитативна состојба позната како “тукдам”.svestenik-1423148670-614247-480x324

“Ако оној кој што медитира подолго време остане во таа состојба, тој станува Буда”, објаснил доктор Керзин.

Свештеникот бил откриен откако неименувано лице го украло неговото тело за да го продаде на црниот пазар. Монголската полиција го уапсила крадецот, а мумифицираниот свештеник бил предаден во Националниот центар за форензички испитувања.

Идентитетот на свештеникот се уште е непознат, но се верува дека станува збор за учителот на будистичкиот лидер Даши Доржо Итигилов, кој исто така бил пронајден мумифициран.

Итигилов, со потекло од Бурјатија, регион кој во тоа време бил составен дел од СССР, на своите студенти во 1927 година им кажал дека кога ќе умре, тие неговото тело треба да го откопаат по 30 години.

Кога тоа го направиле по три децении, неговите поранешни студенти биле шокирани – учителот седел во “лотус позата” во која што започнал со медитацијата, а потоа и умрел во истата поза.

Неговиот гроб бил откопуван повеќе пати, за последен пат во 2002 година, а ден денес остатоците од неговото тело се совршено сочувани.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1