ВИДЕО: Човекот кој се заљуби во жена која не постои!


Станува збор за човек кој што се заљубил преку интернет во „жена од Нигерија“, кој во последните две години и испратил повеќе од 100.000 долари.

Во една од најпопуларните емисии на американска телевизија “Доктор Фил“, наводно бил гостин 50-годишниот Стив. Тој истакна дека во 2012 година преку интернет ја запознал “Кели“ и дека се венчал иако тие никогаш не се виделе. “Кели“ била од Нигерија и после наводната сообраќајната несреќа во која загинале нејзините родители таа наследила 25,6 милиони долари.inlovephill

-Ја сакам, вели Стив за жената која што никогаш не ја запознал. Таа е преубава, топла, нежна и љубезна во секој случај, додава тој.

Како што вели Стив, тој финансиски и помага додека не го добие наследството.

-Во последните 29 месеци на “Кели“ и испратив 103.000 долари. Иако никогаш не сум ја видел, тоа ми е важно. Ја сакам без разлика на се. Таа наскоро ќе го добие наследството и ќе бидам милионер каков што сум сакал од секогаш, мислам дека ние двајцата сме пар од бајките, вели Стив.

Дали е Стив жртва на измама? Погледнете го видеото и одлучете сами.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1