Мистериозна игра која ви го менува живот (Видео)


Со необичен наслов „Curiosity – What’s Inside the Cube?“ познатиот дизајнер на игри Питер Молињу веќе подолго време ја најавува оваа необична игра за која тврди дека ќе го промени животот на играчите.

Повеќе од пет милиони „гејмери“ низ целиот свет се приклучија во решавање на мистеријата, така што отстрануваат дел по дел од џиновската коцка со помош на нивните паметни телефони.

Misteriozna-igra-500x314Засега дневно се отстрануваат по сто милиони делчиња, кои под себе кријат тајна. Молињу е шкрт и не сака да открие никакви детали за играта, но наведува дека таинствената содржина во центарот на џиновската коцка ќе го промени животот на сите луѓе кои учествувале во мисијата.

Ова ни малку не треба да се сфати како шега доколку се земе во предвид неговата претходна работа. Тој ги создаде игрите „Populous“, „Dungeon Keeper“, „Black & White Fable“, а познат е по филозофските содржини на своите дела, деталите развиени со концепти кои изобилуваат со иновативни идеи.

Но, овој пат се најде на мета на критичарите кои тврдат дека „Curiosity“ е само уште еден маркетиншки трик. Но, “Curiosity” е всушност само увод за играта “Godus”  која 22Cans ќе ја објави во септември. Молињу пак не е загрижен за критиките – вели дека трпението ќе се исплати, па така сите оние кои учествуваат во неговата нова игра и тоа бесплатно, ќе бидат навистина изненадени кога ќе ја разоткријат мистериозната тајна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1