Новоформираното земјиште што се издигнало покрај јапонскиот остров Хоакидо предизвика бројни шпекулации. Земјина маса со должина од 300 и ширина од 40 метри мистериозно се појави над површината на морето.
Во копното што се подигнало има морски организми, како што се трева и ежови, што дополнително потврдува дека карпата навистина потекнува од морето.
Пред овој настан, локалното население не забележало ништо чудно, но организацијата задолжена за вулкани и земјотреси, објаснила дека на ова подрачје веќе некое време постои голема сеизмичка активност.
Областа е затворена за јавност, со цел научниците дополнително да ја проучат оваа чудна појава.