Девојка се обиде да се самоубие – Алфите ја спречиле да скокне од зграда во Ново Лисиче


Припадници на полициската единица „Алфа“ пред два дена спречиле обид за самоубиство во скопско Ново Лисиче.

По претходна пријава дека непознато женско лице се обидувало да изврши  самоубиство со скокање од тераса од зграда, Алфите насилно ја отвориле вратата и ја терасата ја затекнале 24 годишната девојка од Струмица. Истата била спречена во намерата да изврши самоубиство.policija alfi

-По извршениот разговор утврдено е дека истата неколку месеци живеела со М.А.(31) од Скопје со кого подолго време имале меѓусебни недоразбирања и истиот ден околу 18,00 часот истиот излегол од станот и ја заклучил по што таа по некое време се обидела да изврши самоубиство, информираат од полицијата.

Од страна на полициски службеници М.А. е приведен и извршен е разговор, а по целосно расчистување ќе следи соодветен поднесок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1