Млад фудбалер скокнал од шести кат од зграда во Белград, јавија денеска српските медиуми.
Сеуште не се знае дали момчето сакало да се самоубие или некој го турнал.
22-годишникот итно е префрлен во болница каде лекарите се борат за неговиот живот.
Според информациите кои ги објавуваат дел од медиумите, момчето било осудено на три месеци затвор.