Младоженецот во последен момент се спасил од трагедијата кај „Рампа“


Одлуката да не замине со своите другари му го спасила животот. Идниот младоженец во последен момент и побегнал на смртта, откако решил да замине дома, а не во автомобилот на своите другари кои во петокот утрото околу 3 часот загинаа во страшна сообраќајка кај Рампа во Центарот на Скопје, пишува Утрински весник.

kola soobrakjajka„Момчињата во четвртокот вечерта излегле на ергенска забава. Нивен добар другар се подготвувал за свадба. Пријателите велат дека друштвото се забавувало во ресторан-бар во близина на Трговскиот центар „Беверли Хилс” во населбата Капиштец. Оттаму, според кажувањата на некои од пријателите, петтемина другари сакале да ја продолжат забавата кон една од кафеаните кај Железничка станица, која работи и во доцните вечерни часови. Возеле по Јужен булевар. Излетале од коловозот и се забиле во подрумските простории од објект на Пазарната инспекција. Починале на самото место” – пишува Утрински.

Според претпоставките на весникот, скопјаните се приклучиле на Јужен булевар, одејќи преку семафорите на „Водњанска” кон Кисела Вода, а потоа и левата споредна уличка што води зад „Рамстор”.

soobrakjajka-na-juzen-5-zrtvi-5Според неофицијалните информации кои се уште немаат потврда од полицијата, момчињата на булеварот развиле 200 километри на час. Утрински пишува дека намерата најверојатно им била преку Аеродром, да заминат за Гази Баба каде требало да ги остават дома своите двајца другари.

Кај семејството Стаиќ несреќата никако да си замине. Двајцата братучеди Борче (27) и Александар (28) загинаа во сообраќајната несреќа.

Пријатели на семејството раскажуваат дека во куќата во населбата Пржино живеат тројца браќа со семејствата. Деветнаесетгодишниот син на едниот од браќата летово починал од тешка болест.

Александар и Борче се негови братучеди од чичковците. Секое семејство загуби по едно дете. Трагедија до трагедија за толку кратко време.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1