Младоженците имаат нов екстра трошок за свадбената прослава


Покрај огромните трошоци за свадбената прослава, младоженците сега имаат и нов екстра трошок, да ги покријат и авторските права за музиката која ќе ги забавува. Цената за авторските изнесува околу едно евро од човек, па доколку имате 300 гости на свадбата, ќе треба за издвоите уште 300 евра.svadba445

 

– Закажавме свадба за во август и почнавме да прашуваме за цени по рестораните. Прашавме во неколку ресторани и се одлучивме за еден во Кисела Вода. Ни беше кажано дека цената на менито е околу 20 евра по човек и во еден од членовите на договорот што сакавме да го потпишеме со ресторанот пишуваше дека ние сме задолжени за носење на музиката и за подмирување на авторските права. Кога го прашавме газдата што значи тоа, тој ни рече дека во зависност од тоа колку гости имаме, толкава ќе биде цената за авторските права што доаѓа околу едно евро од човек. Во план сме да имаме триста гости, за што треба да платиме непланирани 300 евра за авторски права, вели идната невеста Цеце од Скопје.

Kако што пишува Вечер некои од рестораните ги имаат подмирено авторските права за музиката, но затоа цената на менито им е повисока за минимум 2 евра. Угостителите пак посочуваат дека немаат таква заработувачка од свадбите за да ги плаќаат сами авторските права затоа и се одлучиле да нудат менија без или со платен авторски права за музиката. Законот за авторски права и сродни услуги стапи на сила септември 2010 година и со него се заштитуваат авторските права во областа на филмот, музиката и софтверот.

Во Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) ми рекоа дека имаат нов договор од недоамна и не се плаќало повеќе кај нив во агенција туку директно се плаќа на ресторанот и доколку ресторанот има договор со ЗАМП, има еден денар попуст од ЗАМП.

– Кога се распрашував по пријатели, ми рекоа дека од ЗАМП доаѓале на самата свадба и барале договор од младоженците на самата свадба дали имаат платено за авторските права, истакнува Цеце.

Vecer.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1