Млечната чоколада може да го заштити мозокот од удар!


Во едно истражување во кое учествувале повеќе од 37 илјади мажи од Шведска покажало дека оние кои јадат најмногу чоколади имаат најмалку шанси да добијат мозочен удар.

Сите кои учествувале во истражувањето биле анкетирани во врска со нивните навики во исхраната и биле следени десет години.

Врз основа на количината на чоколадо која ја внесувале биле поделени на четири групи: Од оние што не јаделе чоколадо воопшто, па се до оние кои јаделе и до 63 грама неделно.

Кога била направена споредба меѓу групите било заклучено дека оние кои јадат најмногу чоколадо имаат 17 проценти помала можност да добијат мозочен удар.

Поранешните студии докажале дека темната чоколада има поволно влијание врз здравјето на срцето но во оваа шведска студија во прашање била обичната млечна чоколада. Ова истражување ни укажува дека умерени количини на разни видови чоколада може да бидат корисни за здравјето на луѓето.

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1