„Моќна грчка армија“ го хакирала МОН, тврдат дека влегле и во Телеком, Народна банка и М. за надворешни


Само во еден месец направивме упад во неколку македонски институции, велат грчките хакери во интервјуто направено пред три дена за Европската агенција за сајбер безбедност. Моќната грчка армија тврди дека не го хакирала само МОН туку и Министерството за надворешни работи, македонски Телеком и Народната банка. Велат дека освен во македонскиот, пробиле и во нигерскиот финансиски систем и во азербејџанското Министерство за одбрана.

Хакерската група го опиша и својот начин на работење. Прво наоѓаат ранлива и незаштитена мета, а потоа упадот може да го направи секој, дури и просечен хакер. Крајна цел е добивање доверливи внатрешни информации кои натаму можат да се искористат за финасиска или некоја друга корист. Велат дека, иако нивната група е составена пред се од меѓународни хакери, таргет им се земјите со кои Грција има проблеми, но не се поштедени ни другите држави, а мета се и грчките институции. Постојат околу шест години и имаат до 20 члена. Дел од нив завршиле и во затвор, но не поради хакерство.

И покрај ова, групата не е разбиена и се уште работи и покрај истрагите кои се водат после нивните упади. Велат дека се невидливи за истражните органи кои не можат да влезат во нивните датотеки.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1