Мобилните оператори предупредуваат: Не одговарајте на повици од +88 измама е


Не одговарајте на пропуштените повици со број +88

Во мрежите на мобилните оператори се забележани случаи каде што корисниците биле известени за пропуштените повици од странство со позивниот број +88. Возвратниот повик се тарифира по меѓународна цена. smsАвстралискиот мобилен оператор „VIP mobile“, денеска на социјалните мрежи предупреди да не се одговара на повиците, ниту пак на пораките на пропуштените повици +88. Од компанијата посочуваат дека имале техничка потешкотија која наското треба да биде отстранета.
„Во мрежите на операторите се забележани случаи каде што корисниците добиваат пропуштени повици од странство со позивен број +88. Доколку корисникот возврати на овој пропуштен повик, најчесто добива вообичаен сигнал, или одговор на гласовната машина, но до воспоставување на врската и траењето на повикот, тарифата се мери по цена на меѓународна тарифа“, стои во соопштението.
Се наведува дека операторите не се во можност да ги блокираат ваквите повици, затоа што постојано стигнуваат нови броеви.
„Ги советуваме корисниците да не возвраќаат на повиците или пораките на тие броеви, доколку не се сигурни кој ги повикува. Во спротивно, по повиците ќе бидат тарифирани според стандардните ценовници за меѓународни разговори“, се вели во соопштението на VIP мрежата.

Телеграф.рс

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1