Мојата сакана не доживеа да го држи нашето бебе во прегратка (ФОТО)


Маж од Србија си ја отвара душата и за српскиот Курир ја раскажува својата тажна животна приказна.

bremena zenaЈовица и неговата 28-годишна сопруга Јелена до пред неколку денови радосно го очекувале своето прво бебе, кое планирале да го одгледаат со многу љубов. За жал, судбината си поиграла со нив, па младата девојка која требало да биде мајка, го загубила животот откако по породувањето со царски рез имала напад на еклампсија во болница во српски Петровец, а потоа паднала во кома. Девојката дури наредниот ден била пренесена во болница во Белград каде го загубила животот. Таа немала никакви компликации за време на бременоста, но еден ден кога отишла кој родителите на сопругот и се слошило и паднала на земјата.

– Докторката и го измери притисокот, кој во моментот изнесуваше 175 со 100. Ми рече да одиме во болница во Чуприја каде и ја водат бременоста. Заминавме во куќата на моите родители да се спакуваме, а таа тресејќи се целата падна на подот. Во болница ја шетаа од еден оддел до друг, од гинеколог до одделението за итни случаи, на крајот се собра целиот лекарски тим, а таа се тресеше два часа, зборува со солзи нејзиниот сопруг.

Јовица раскажува дека ги молел докторите за помош: – Помогнете и луѓе, возете ја до Белград, ги молев докторите кои ми кажаа дека е во лоша состојба и дека не можат да ја транспортираат. Во еден момент гинекологот ме праша дали ќе потпишам да ја породат со царски рез. Се согласив. Ја породија, добив син по име Страхиња, кој сега се чувствува добро и се опоравува во институтот за неонатологија во Белград. Таа се разбуди и реков дека добивме син. За кратко време и откажаа белите дробови. Ја примија во ГАК Вишеградска, па ја преместија во Ургентен центар, каде настапи клиничка смрт. Потоа и срцето престана да и работи, вели сопругот низ солзи.

Инспекторите ќе ги посетат сите установи во кои беше Јелена.

– Ова е страшна ситуација. Нашите инспектори ќе ги посетат сите кои имаа врска со случајот, а документите ќе бидат приложени во обвинителството. Можеби можеше да се избегне овој исход, но тоа ќе го утврди судот, објаснува Јелица Радуловиќ, здравствена инспекторка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1