Џенеса Симонс од Јута ја пронашла својата биолошка мајка преку Фејсбук и тоа за само три дена, а потрагата по нејзиниот биолошки татко сеуште трае.Мајката на Џенеса ја дала на посвојување пред 22 години, а таа следејќи го трендот на барање лајкови по Фејсбук за да се добие нешто, одлучила така да ги побара биолошките родители.
Таа на својот Фејсбук профил на 27 јануари поставила фотографија на која држи голем лист хартија со податоците од местото и датумот на нејзиното раѓање.
Фотогорафијата била споделена скоро 160.000 пати, а по само три дена и по неколку лажни јавувања, на Џенесa и се јавила нејзината биолошка мајка.
Таа вели дека е уверена дека жената која и се јавила е нејзината вистинска мајка затоа што знаела некои специфичности за нејзиното породување, како тоа дека е родена со царски рез, а имала и нејзини фотографии од болницата.
Девојаката е сеуште по потрага по нејзиниот биолошки татко и се надева дека и тој наскоро ќе се јави.
Ова не е прв пат некој да пронајде изгубен член од семејството преку Фејсбук. Пред три години жена од Калифорнија ги пронашла децата од кои била разделена 15 години.