Големите фармации почнуваат со ставање чипови во апчиња


„Proteus Biomedical of Redwood City“ од Калифорнија лицинцираше микрочип, кој што преку сензори ќе може да емитира податоци за здравјето на пациентот и преку интернет да ги испрати на докторот.

microchips-on-pill_Hr3yE_54

Идејата за создавање на ваков микрочип е да се создадат паметни апчиња, кој ќе можат да насетат што се случува во телото на човекот и истите информации да ги испратат на лекарот на пациентот. „Новартис“ планира да започне со создавање на чипови кои што го детектираат проблемот, а потоа и ќе работат на развивање на микрочиповите за лекување на пациентот.

Сето ова звучи добро на површината, но граѓаните без сомнеж имаат голем број на скептични прашања, во врска со оваа технологија.

За почеток „Новартис“ очигледно не планира да спроведе клинички испитувања кои би можеле да земат во предвид прашања, поврзани со безбедноста на голтањето на микрочиповите.
„Новартус“ нема намера да спроведе целосна скала на клинички испитувања за да докаже дека новиот производ работи“, известува Ројтерс.
apcinja„Наместо тоа, таа има за цел да направи биоеквивалентни тестови за да покаже дека се исти како оригиналот“.

Сепак се поставуваат прашањата од типот какви хемикалии или тешки метали се содржат во самите микрочипови? Истиот тој за да пренесе податоци, очигледно мора да има извор на енергија, што значи дека треба да има мала батерија или некаков вид на кондензатор.

Материјалите кои се користат во кондензатори и батерии, се токсични за човековото тело и никогаш не треба да се јадат.

Микрочиповите не се храна и голем е ризикот за нарушување на здравјето, особено ако се голтнат неколку во ист ден.

Closeup Money rolled up with pills falling out, high cost, expensive healthcare

Друга голема загриженост со ваквите микрочипови е заштитата на личните податоци. Доколку ваквите микрочипови емитуваат податоци, тогаш очигледно е дека оваа информација може да биде превземена од некакви уреди во близина, од страна на бескрупулозни поединци или организации кои би можеле да бидат подложни и на кривично дело.

На пример можно е локална аптека или продавница да инсталира сигнал, микрочип детектор на влезната врата со цел да ги следи луѓето кои емитуваат лек-податоци.

Тие би можеле да ги декодираат податоците и да ги искористат создавајќи генерички лекови како замена. Владини агенти можат да носат микрочипски скенери, кои можат да утврдат какви апчиња сте земале во моментов, а потоа и да ја нарушат вашата приватност преку споделувањето на податоците на други владини агенции, или може да ги продаваат надвор на трети лица или маркетинг компании.

Изворот на енергија во ваквите апчиња би бил до тој степен мал, што многу лесно би се откривале или декодирале.
dete apceНо, навистина страшен дел во целата приказна е тоа што ваквите микрочипови пред се се создадени за да луѓето бидат потсетени да ги земаат своите лекови. Фармацевските компании губат милијарди долари годишно од пациентите кои што ги забораваат своите апчиња.

Во маркетинг бизнисот ова се нарекува „континуитет програма“, начин да се осигураш дека продажбата ќе се повтори.

Во овој контекст може да се каже дека од ваквите апчиња бенефит ќе имаат фармацевските компании, но не и пациентите.

Ова од друга страна може да биде и корисно за работодавците, кои сега ќе имаат начин и можност да не вработуваат луѓе кои земаат лекови. Големите коорпорации на овој начин би можеле да ги избегнат големите суми на пари, кои што им следат преку осигурувањето на нивните вработени, доколку нешто им се случи.

apcinja
Најстрашно е тоа што со создавањето на ваките микрочип-пилули, тие во вашето тело можат да претставуваат вистински ризик по вашето здравје, затоа што никој нема да знае на што се ќе биде подготвен „големиот брат“ да направи, со нивните нови усовршени техники и на кој начин може да ги искористи ваквите пилули во вашиот организам.

Најдобар начин да се заштите е едноставно да не ги конзумирате и да се осврнете на стариот добар лековит начин, со јадење на зеленчук и пиење на овошни сокови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1