Момче го бара својот брат близнак: Ни рекоа дека е мртов, јас знам дека лажат (ФОТО)


Млад Босанец го бара својот брат близнак, за кој пред 25 години во белградска болница без никаков доказ им рекле дека е мртов. Тој верува во друго сценарио.

Неговата приказна тој ја објави на страницата „Раскинати врски – побарајте ги школските другари или други личности“ на „Фејсбук“, а објавата досега е споделена повеќе од 13.000 пати.bosanec

„Моето име и презиме – Мурис Демировиќ, мојата приказна гласи вака:

Роден сум на 22 мај 1991 година во Тузла, имам 24 години и го завршувам Рударско геолошко градежниот факултет. Роден сум заедно со својот брат близнак во Тузла, каде неколку дена лежевме во болница, бидејќи имавме мали проблеми со дишењето.

Потоа не преместија во Белград во инкубатори, со тоа што јас бев доста послаб од него, тој беше потежок од мене еден килограм и имаше поголеми шанси да преживее од мене.

После 22 дена во болницата на моите родители им јавија дека мојот брат починал! Татко ми замина за Белград во истиот момент. Моите родители бараа да го видат мојот брат, своето друго чедо, но тие им рекоа дека тој повеќе не е жив, без никаков доказ, без било што, не им дозволија ништо, ни посмртниот лист, ништо не дадоа на увид, им рекоа дека тоа не постои!

Јас мислам дека мојот брат близнак е жив, го чувствувам тоа во длабочината на душата!

Ве молам да го споделите ова, болницата во Београд во која лежевме се вика „Мајка и дете“. Ние сме еднојајчани близнаци.

Мојата животна желба е да го пронајдам мојот брат близнак“, пишува Демировиќ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1