Момче од Скопје било крвнички тепано и навредувано поради неговата националност, а потоа и ограбено од пет до шест врсници, кои со црн автомобил побегнале во непознат правец, пишува Нова Македонија
Настанот бил потврден и од МВР, се трага по сторителите, а настанот е заведен како грабеж. Но според информациите од момчето, кои зборувал со новинарот на Нова Македонија мотивот за тепањето воопшто не бил кражба. Тој се сомнева дека нападот бил добро испланиран и насилниците знаеле кого и зошто напаѓаат.
,,Со велосипед се враќав како и секоја вечер од работа накај дома. Не ми е првпат да поминувам од овој дел од градот, каде што навечер поради немање улично осветлување е црна темницаица. Наеднаш патот ми го пресекоа пет-шест момчиња. Ме турнаа на асфалтот и почнаа да ме газат. Им велев да престанат и да кажат што сакаат и зошто ме малтретираат. Но тие продолжија со изживувањето. Ме навредуваа со погрдни зборови. Најстрашно беше кога ме газеа и ме навредуваа поради мојата националност оти сум Македонец – раскажува момчето за Нова Македонија.
иако додека го тепале автомобили минувале на улицата, никој не застанал да му помогне, освен едно момче на мотор кое почнало да вика и тогаш насилниците избегале со црн „голф“
,,Зошто ми се случи ова не знам. Ниту сум се задевал ниту имам какви било проблеми со жителите од Сарај и околните места,, – вели момчето.
По нападот бил хоспитализиран. Има видливи повреди на главата и целото тело.
Извор – Нова Македонија