Дваесет и седум годишниот Д.Ј. вчера бил итно пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ откако во него удрил автомобил.
Несреќата се случила оклу 21 часот во близина на Зоо Скопје, кога во Д.Ј. кој се движел пеш, удрил автомобил „Фиат“ управуван од 25-годишниот Д.С.
Момчето со тешки повреди е примено во болница, но за среќа се наоѓа надвор од животна опасност.
Полицијата на местото на несреќата извршила увид.