Момче се фрли од покрив на зграда во Карпош 1


25 годишно момче претпладнето се фрлило од покрив на зграда во скопската населба Карпош 1.

Момчето паднало на паркингот, каде имало случајни минувачи и според сведоци на ужасниот настан, буквално пред нивните нозе.Samoubistvo-na-gazeli-05

Момче на возраст од околу 25 години, околу 11 часот, се фрлило од зградата број 18 на улицата „Никола Тесла“ во населбата Карпош 1, пренесува Телеграф.

Жителите на зградата велат дека момчето се качило на покривот на зградата и се фрлило на паркингот, каде што во тој момент имало неколкумина случајни минувачи.

Се слушнал силен удар и момчето паднало буквално пред нивните нозе, а глетката била ужасна. На местото веднаш пристигнале екипа на брза помош и полицијата, која врши увид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1