Момчето повредено во Аеродром се бори за живот – ставено е на апарати


Тешка е здравствената состојба на 23-годишното момче кое ноќеска беше прободено со нож во скопски Аеродром.

aerodrom

Според последните информации, момчето се наоѓа на интензивна нега во КАРИЛ и е приклучено на апарати за дишење поради големото количество на изгубена крв. Убодот завршил во една од главните артерии и само брзата интервенција на лекарите го спасила да искрвари до смрт.

Веднаш бил реанимиран и според последните информации по осум часовната операција, неговата состојба е стабилна.
Второто момче има полесна повреда во вид на исекотина на едната потколеница. Се наоѓа во Клиниката за пластична хирургија каде му е санирана повредата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1