Фенг Шуи: Предмети во домот кои носат негативна енергија – начини да се ослободите


За во вашиот дом да се шират добри вибрации отарасете се од овие навики затоа што носат негативна енергија во домот.

Нечиста облека во ќошето од собата

Ова е една од првите работи на кои стручњаците за фенг шуи предупредуваат во домот. Можеби е најлесно да ја фрлите нечистата облека на под во ќошот од собата, но треба да знаете дека на тоа место се одлева и позитивната енергија од домот. Секое семејство треба да има место за чување на облеката за перење во тоалетот, наместо да ги фрлате нечистите чорапи по аглите од собите.

feng shiu stan

Кондури наредени покрај врата

Без обзир на тоа дали стојат покрај спалната соба или влезната врата во домот, кондурите ја крадат енергијата, посебно доколку се нечисти.

Купче стари весници, списанија, хартии и книги

Весниците фрлете ги откако ќе ги прочитате, советуваат стручњаците за фенг шуи. Доколку собирате списанија или книги, чувајте ги на полици, а не на под или во ќош од собата. Расфрлани по просторот, носат лоша енергија.

Напукнати или скршени чинии, садови и чаши

Оштетените садови носат лоша енергија, тврадт стручњаците за фенг шуи. Подобро е да купите најевтин нов сервис отколку да употребувате скап, но оштетен комплет садови.

Feng-Shui-Flying-Star

Празни садови за сол и шеќер

На сите може да ни се случи да ни се испразнат залихите од најпотребните намирници, меѓутоа стручњаците за фенг шуи велат дека никогаш не треба да дозволите садовите во кои чувате сол и шеќер да стојат целосно празни. Полиците со празни садови во кујната, негативно влијаат на среќата и хармонијата во семејството.

Место за седење или спиење под греда

Дрвените греди се еден од омилените дизајнерски елементи во домовите. Меѓутоа, доколку сместите кревет или тросед под греда, стрелките на негативната енергија ќе бидат насочени кон вас.

За да се чуствувате позитивно ова треба да го направите …

ПУШТЕТЕ ПОЗИТИВНА МУЗИКА

Според традиционалното кинеско верување, буката може да разбие одредени енергетски шеми. Позитивната духовна музика ја разбива и ја анулира негативната енергија. Таквата музика е добра и за нашиот простор, но и за нашата душа, бидејќи буди позитивни мисли и емоции. Пуштете гласна музика, пејте, играјте и ослободете се од лошите мисли.Residential-Bagua-Map1
ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД СТАРИТЕ И НЕПОТРЕБНИ ПРЕДМЕТИ

Постои верување дека старите предмети ја заробуваат застоената енергија, особено ако ги имате многу. Така, некои предмети од минатото можат сеуште да ја чуваат емоцијата што сте ја чувствувале кога сте ги користеле – тага, депресија, бес… Некои предмети можат да кријат и лоши спомени макар и не биле ваши, особено предметите кои му припаѓале на некој друг. Па, ако сакате да се ослободите од негативната енергија, отстранете ги таквите предмети од вашиот дом.
ПРЕМЕСТЕТЕ ГО МЕБЕЛОТ

Реорганизацијата на распоредот е добра за вашиот дом и помага во балансирањето на енергијата во просторот. Според правилата на Фенг-Шуи, мебелот мора да биде распореден на начин што овозможува што повеќе простор во кој енергијата би можела слободно да струи. Тоа ќе ги спречи злите духови и негативната енергија од тоа да се судрат со мебелот и да останат заробени во него. Слободниот простор и струењето (како и гласната музика) ќе овозможи брзо растерување на енергијата.
МОРСКА СОЛ

Според некои традиционални верувања, морската сол е одлична за чистење на негативните вибрации. Ако чувствувате дека во вашиот дом се насобрала негативна енергија, посипете морска сол по аглите на домот и по дворот околу куќата. Исто така, можете да помешате сол и топла вода и со тоа да ги избришете подовите.
„ИСПЕРЕТЕ“ ГО ПРОСТОРОТ

Чистењето со жалфија е вообичаено кај многу индијански народи. Тоа вклучува и палење на растението бидејќи се смета дека чадот е исклучиво корисен при прочистувањето на просторот и истерување на злите духови. Запалете лист од жалфија и одете по куќата за да може чадот да го ослободи просторот од негативната енергија.
ИСЧИСТЕТЕ ГО ВЛЕЗОТ ВО ДОМОТ

Важен чекор во освежувањето на енергијата во домот е и чистењето на екстериерот. Чистењето на дворот, балконот или терасата ќе ја отстрани заостанатата нечистотија, а со тоа и негативната енергија што ја содржи. Фрлањето на отпадот во контејнер исто така ќе помогне во елиминирањето на лошата енергија.
МОЛИТВА

Според најголемиот дел од традиционалните верувања, молитвата е исклучително корисна пракса за истерување на злите духови и негативната енергија. Медитацијата и изговарањето на позитивни мантри се одлични за да најдете внатрешен мир кој ќе ви помогне да се изборите со „ниските сили“ и да се ослободите од негативноста.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1