Момчето што ја закла баба си се лечело во Бардовци – соседите сведочат за хоророт во Драчево


Ден после страшното убиство кое ја згорзи цела Македонија крим-техничари се уште собираат докази од семејната куќа на улицата „Антон Димитров“ во скопско Драчево, во која дваесетгодишно момче со нож ја усмрти баба си. Момчето во моментов е во полициска станица, сè уште не му е одредена мерка притвор, објави телевизија Алфа.

Соседите запрепастени од случајот, за телевизија Алфа, велат не очекувале дека некогаш, мирното и повлечено момче од крајот на улицата, би можело да стане убиец, но, се сомневаат дека користело наркотици, а коментираат дека постои можност да било дел од секта.

Според извори на Алфа, дваесетгодишното момче неколку пати престојувало во психијатриската болница во Бардовци.

Вчера попладне дваесетгодишникот со нож и ја отсекол главата на неговата 66-годишна баба, а според информациите од МВР, по убиството сам ѝ се предал на полицијата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1