Моника Левински ја отвори душата по 20 години: Срамот нe поминува


Моника Левински (42), жената која стана светски позната поради сексуалната афера со поранешниот американски претседател Бил Клинтон (69), даде интервју за британски „Гардијан“, скоро 20 години по скандалот поради кој Клинтон беше отповикан од претседателската функција.monika-levinski-foto-profimedia-1424804387-619845

– Свесна сум за тоа како луѓето ме гледаат. Во мојот случај времето не лекува баш се. Секогаш во очите на јавноста ќе останам запаметена како љубовница на Бил Клинтон – вели Левински, која се пресели во Лондон каде што магистрирала на психологија.
Иако имала многу позитивни искуства во Лондон, таа издвоила една непријатна ситуација која се случила во 2005 година, и која и ден денес не може да ја заборави.

– Седев во бар во центарот на градот, речиси три дена откако се доселив таму. Почнав да разговарам со една жена која делуваше исклучително пријатно. Разговорот траеше речиси еден час, а потоа ненадејно ми кажа дека познава некои моќни луѓе и дека не сум смеела да доаѓам во Англија бидејќи не сум пожелна. Таквите работи, колку и глупаво да делуваат, секогаш право во лице ви го туркаат вашето минато и на површина ги исфрлаат работите за кои сте мислеле дека се потиснати и заборавени – вели Левински.monika-levinski-bil-klinton-1328585176-75146

Поранешната стажантка во Белата куќа изјавила дека по тој разговор отишла во станот и плачела.

– Тоа беше исто како она чувство кога Линда ме издаде. Се чувствувам немоќно – вели Моника за „Гардијан“.
Жената за која зборува Левински е Линда Трип, нејзината поранешна колешка со која работела две години и на која единствено и се доверила за секс-аферата со Бил Клинтон. Линда тајно ги снимила сите разговори со Моника и нејзината тајна им ја соопштила на агентите на ФБИ. Таа ја повикала на ручек и и поставила замка, бидејќи на Моника зад грб и пришле агенти кои ја одвеле во хотелска соба полна со тужители. И рекле дека го истражуваат претседателот на САД, кој наводно сексуално ја вознемирувал стажантката од Арканзас, Пола Џонс. Агентите на Левински и рекле дека мора да соработува, а во спротивно и се заканиле со затворска казна од 27 години.

Таа признала дека она што најмногу ја погодило било јавното понижување кое го доживеала во скандалот кој влијаел на нејзиниот живот.
Таа се осврнала и на постојаните навреди од медиумите кои ги трпела во тоа време.

– Ме нарекуваа глупава и к..ва. Да се биде во центарот на тој медиумски вртлог беше застрашувачко искуство. Многу влијаеше и тоа што сум жена. Се разбира, шефот ме искористи, но јас секогаш ќе останам при тоа дека стануваше збор за врска на која двајцата се согласивме. Злоставувањето започна подоцна, кога станав жртвено јагне за да ја заштитам неговата позиција. Администрацијата на Клинтон, останатите политичари и медиумите ме жигосаа, а тој жиг остана бидејќи беше проектиран од моќта – смета Левински и тврди дека по скандалот ги одбила понудите кои би и донеле преку 10 милиони долари.

Моника Левински е една од најосрамотените личности на 20-ти век, пишува британски „Гардијан“. Денес таа свртела нов лист и се труди да продолжи со својот живот. Таа стана борец за човекови права, и им помага на бројните организации за заштита на сите оние кои трпат вербално и психичко насилство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1