Сиромашна област близу Мексико Сити стана сцена на ужасно злосторство кога мајката Марија Дел Кармен Гарсија Риос (28), заедно со сестрата, двајцата браќа и родителите му ги ископале очите на 5-годишниот син.
Шестмината возрасни танцувале и повикувале ѓаволи, а потоа дошол ред да ги затворат очите во текот на ритуалот. Бидејќи преплашениот Фернандо одбил да ги затвори очите, мајката и нејзината сестра го зграпчиле и му ги ископале двете очи.
Сите членови на семејството се осудени на триесет години затвор.
Соседот Хоакин Аргуелор изјавил дека бил убеден дека соседите се религиозни, а не сатанисти.
-Слушнавме врескање и тропавме на вратата но никој не отвораше. Тогаш помина полициска патрола, а една од жените која седеше со нас потрча да ја викне. полицијата ја разби вратата и влезе, вели соседот.
Полицаецот Бенет Куријел рекол дека внатре затекле хорор сцена.
Оскудно облечени сатанисти биле покрај момчето облеано со крв. Мајката веднаш признала се. Државата му платила на момчето вградување на стаклени очи, кои ќе мора да се менуваат како што ќе расте.