Монструми: 3 год девојченце во Скопје претепано до смрт зошто се помочкало на тепихот


Големата трагедија која ја потресе Македонија, откако скопјанец претепа тригодишно бебе до смрт, се случила бидејќи детенцето се измокрило на тепих!

dete nasilstvoКако што јавува Канал5, соседот на малото бебенце решил да крене  рака на него и да го претепа со електричен кабел бидејќи тоа се изомкрило на тепихот во собата.

-Двајцата осомничени маж и жена кои ги чувале трите деца на сосетката со која делеле ист покрив се во притвор. Мажот кој е осомничен дека го претепал девојчето немал никакви документи па треба да му се изврши идентификација. Нивните три деца од кои едно е седуммесечно бебе во моментов се згрижени од Центарот за социјални работи, односно, се во згрижувачки семејства, пишува Канал 5.

Неколку години постариот брат на убиеното девојче и едно од децата на осомничените во својство на сведоци и во присуство на социјален работник на инспекторите им раскажале што виделе и чуле од страшната случка.

Сопружниците ги чувале децата додека нивната мајка била на работа. По трагечниот настан тие раскажале дека бебенцето паднало по скали, со цел да се извлечат од вината.

Од судска медицина велат дека повредите покажуваат дека девојчето било тепано често. На неа имало модрици, крварење, ѝ биле скршени ребрата од двете страни, а клучната коска на малечката била скршена пред околу 2 недели. Смртта настапила како последица на шок од целокупната комбинација на повреди. Обдукцијата покажала дека девојчето не било сексуално малтретирано.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1