Монструми: Браќа канибали изеле бебе – фатени со главчето од бебето на трпеза! ВИДЕО


Пакистанската полиција во понеделникот повторно уапсила осуден човекојадец откако во неговата куќа пронашла глава на новороденче, три години откако тој излегол од затворен за истото кривично дело.

kanibalМохамед Ариф на 35 години и неговиот 30-годишен брат Мохамед Фарман Али од гратчето Дарја Кан во централниот дел на земјата, околу 300 километри јужно од главниот град Исламабад, се осомничени откако минатата година беа ослободени од затвор во кој одлежаа две години од пресудените три, исто така, за канибализам. Ариф е уапсен а по неговиот брат сé уште се трага, изјавиле за AFP претставници на локалните власти.

Според полицијата, тие ископале повеќе од стотина трупови на локалните гробишта и ги изеле. Сега се проверуваат и другите блиски гробишта, дали браќата повторно ги сквернавеле.

-Мештаните ја известија полицијата откако од нивната куќа почувствувале неподнослива реа. Го пребаравме нивниот дом во понеделникот и најдовме главче на дводневно новороденче , изјавил полицискиот офицер Амир Абдулах, началник на областа Бакар во провинцијата Пенџаб.

Ариф признал дека заедно со брат му го изеле детенцето чие тело го откопале на локалните гробишта и го приготвиле.

kanibalizamАриф и неговиот брат Фарман Али беа уапсени за јадење човечки трупови во истото село во април 2011 годна и минаа само две години во затвор што го шокираше цел Пакистан.

Во пакистанскиот кривичен законик, инаку, не постои посебен закон против канибализмот, па така Ариф беше обвинет за сквернавење мртво тело и нарушување на јавниот ред. Во тој случај полицијата откри тело на 24-годишна жена којашто починала од рак во куќата на браќата, без една нога којашто тие ја изеле.

Сега браќата ќе бидат подложени на психијатриски прегледи, додал началникот Абдула. Додал дека жените на браќата и другите членови на семејството го напуштиле домот уште пред повеќе години, и тие оттогаш живеел во целосна изолација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1