Драган Паравиња (45) кому во Жупанискиот суд во Шибеник му се повторува судењето за обид за силување и тешко убиство на малолетната Антонија Билиќ од јуни 2011 година, повторно е во болница.
Веќе подолго време ја одбива затворската храна, а сега проголтал жилети.
Во вторникот почувствувал болки во желудникот.
Тој е однесен во болница, каде веднаш не можеле да откријат за што се работи. Вечерта повторно го донеел и тогаш е откриено дека има жилети во дигестивниот тракт.