Иван Миловановиќ од Ниш кој ја задави својата поранешна сопруга Бојана Бачевиќ, ќе одлежи 30 години затвор.
Убиството се случи во август минатата година кога во „љубовната соба” во затворот во Ниш ја задави 27-годишната девојка.
За потсетување, тој во затворот одлежуваше казна од три години за продажба на дрога, а кога неговата поранешна сопруга дојде да го посети, ја задави, бидејќи сакала нивната осумгодишна ќеркичка да ја однесе во странство.