На руските тенкови не им треба виза за да влезат во Европа – А Западот ќе го уништат хомосексуалците


Заменик рускиот премиер вели дека воопшто не се чувствува загрижено поради тоа што санкциите не му дозволуваат да патува во ЕУ и во САД. На тенковите не им е потребна виза да влезат во Европа, рекол заменикот на рускиот претседател.

„Секогаш се шегувам на оваа тема. Не ни даваат визи, воведоа санкции против нас, ако, нека. Но на тенковите не им се потребни визи“, изјави Рогозин во синоќешната емисија на јавната телевизија Расија 1.

rusija ukraina

Потпретседателот на руската влада задолжен за одбрана е познат по своите провокативни изјави и критики од Западот, потсетува агенцијата Франс прес.

Рогозин, кој е мошне активен на Твитер, напиша вчера дека Русија не е закана за Западот, кој, како што навел, и онака ќе го уништат „нападите од хомосексуалците и од Исламска држава“.

Рогозин истакна дека Русија до 2020 година ќе има три нуклеарни мразокршачи од најнова генерација.

„Сега ресурсите на флотата мразокршачи се при крај. Поради тоа првиот брод ќе го имаме во 2017 година, вториот во 2019 , а третиот во 2020 година. Одиме по претходно утврден распоред. Русија до 2020 година веќе ќе има флота мразокршачи која ќе обезбедува премин за бродовите по северниот поморски пат“, изјави Рогозин.

По повод изјавата дека Франција и Германија со здружени сили ќе произведат тек кој ќе го достигне нивото на рускиот „Армата“, потпретседателот на руската влада нагласи дека тоа ќе се случи, како што и самите идејни творци изјавија, дури за 15 години, додавајќи дека руското производство на тенкови уште од времето на Т-34 било еден чекор понапред“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1