Почна третата лидерска средба


Во Клубот на пратеници започна уште една лидерска средба на претседателите на четирите најголеми партии во земјава, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Како и на претходните две, како набљудувачи се амбасадорите на САД и на Европската Унија, Џес Бејли и Аиво Орав.gruevski zaev ahmeti taci

Состанокот пред една недела заврши без конкретен договор. За да напредуваат преговорите, треба да се утврдат принципи за преговарање, да се обезбеди рамноправност на сите преговарачки страни и гаранции дека тоа што ќе се договори навистина ќе се почитува, беше заклучено во понеделникот.

Во меѓувреме, во Стразбур се случи и средбата на Груевски и на Заев со европратеници. Искрена дискусија и продолжување на средбите, стоеше во кусото соопштение по 10-часовните маратонски разговори меѓу делегациите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Во изјава за Словенечкото радио, европскиот известител за Македонија, Иво Вајгл изјави дека бил потпишан нон- пејпр за натамошни разговори.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1