Жената која ја измисли приказната за тоа како го преживеала холокаустот и ги напишала мемоарите кои станале бестселер мора да му врати 22,5 милиони долари на својот издавач. Всушност, Миша Дефонеска, како што пренесува Daily Mail во 1997-ма година објавила мемоари “Години на Холокаустот” околу тоа како еврејката од Брисел талкала низ Европа откако родителите и ги заробиле нацистите.
Во судскиот процес со издавачите Џејн Даниел и Мт Ајви Прес околу издавачките права во 2005-та година добила 22,5 милиони долари бидејќи ја обвинила издавачката куќа за “несоодветна промоција”. Меѓутоа, во текот на процесот започнале да се појавуваат недоследности во приказната на Миша, а Џејн Даниел, инаку новинарка и форензичарка на генеалогија, сериозно започнала да се сомнева во неа.
Во своите мемоари Дефонеска напишала дека во времето на Втората светска војна поминала пешки 3.057 километри преку цела Европа во потрага по родителите кои биле фатени од страна на нацистите. Поминала месеци живеејќи во шума, со волци, криејќи се од Германците, а кога наишла на еден од нив го избодела до смрт. Сето тоа, како што тврди таа во својата книга, се случило во периодот од нејзини 7 до 11 години.
За време на судењето, Даниел одлучила да утврди до која мерка нејзината приказна е вистина. Таа успеала да го пронајде документот во кој го нашла точното место и датум на раѓање, но не и името.
Како што открила, Миша Дефонеска всушност е Моника Ернстин Џозефин де Ваел, а што е најдобро од се, таа воопшто не е ни Еврејка. Во времето за кое тврдела дека живеела со волци и убивала нацисти, таа всушност одела во училиште во Брисел.
Дефонеска, која денес живее во Масачусетс, притисната со доказите признала дека нејзината меморарска книга е всушност само фикција. Осудена е за измама, а интересно е и дека издавачката нејзината приказна прв пат ја слушнала првпат во една синагога кадешто сама ја раскажувала по што и било предложено да напише книга.
“Таа приказна е моја и покрај тоа што не се случила. Барам прошка од сите оние кои се чувствуваат изневерени и измамени”, таа скромно изјавила во судницата, а останала без родители бидејќи нив ги уапсиле како членови на движењето на отпорот кога имала само четири години. Ја израснале дедо и’ и чичкото, а тврдела и дека ја нарекувале “ќерка на предавници” што допринело да се чувствува како Еврејка, како што тврди таа.