Морбидни приказни да се смрзнете – и сето ова навистина се случило


Најдобрите морбидни приказни раскажани околу камперски оган, секогаш завршуваат со зборовите  „… И сето ова навистина се случило!”

Во овој дух, ви ги претставуваме  четири морбидни приказни и урбани легенди кои им се случиле на вистински луѓе, докажувајќи уште еднаш дека ништо не е пострашно од секојдневниот живот.

Труп под душекот

matresscorpse1

Пар отишиол во хотел, каде што цела ноќ  трпеле ужасна миризба.  Се пожалиле  на вработените во хотелот и некој открил дека мирисот доаѓа од креветот. Се покажало дека гостите спиеле цела ноќ над распаднато тело на девојка која била под душекот.

Тоа навистина се случило … во Лас Вегас, Канзас Сити и Атлантик Сити, како и неколку пати во Флорида и Калифорнија. Можеме само да кажеме дека леглата во хотелските соби очигледно се доста популарна дестинација за починатите. Најчудното е  сепак тоа што  во речиси сите случаи, луѓето ја поминале ноќта над мртовците, пред да  откријат дека не се сами.

Карневалот мумија

mummy1Куклата на еден  карневал  се испоставило дека не е направена од вообичаените материјали, туку од човечка кожа и коски. Сите деца биле насмеани  и се потсмевале на вистинската мумија.

И тоа се случило навистина. Во 1976 година, филмска екипа од телевизиско шоу отишле во забавнниот парк во Лонг Бич, Калифорнија. Додека минувале крај обесената кукла, тие случајно ја извадиле нејзината  рака и откриле човечки коски во неа.

Се покажало дека телото било на криминалниот гениј Елмер МакКерди кој бил убиен во престрелка откако ограбил воз  во 1911 година.

Изненадувачки најреална декорација

lynched1Типична  декорација за ноќта на вештерките – жена обесена на дрво, останала реалност како од кошмар.

Во Фредерик, Делавер, 42-годишна жена се обесила на дрво во близина на преполн пат. Телото останало таму до следниот ден, кога луѓето постепено почнале да сфаќаат дека тоа не е само декорација за празникот и се јавиле на полицијата.

4. Реално шоу за ноќта на вештерките

prikazni-650x325-600x300Тинејџер успеал да ги импресионира сите приредувајќи шоу  за Ноќта на вештерките, а сите ракоплескале и се смееле додека тој  илустрирал бесење на човек, па  навистина  се обесил пред публиката.

Тоа всушност се случило повеќе од еднаш, и тоа, за ноќта на вештерките. Сепак, генерално  зборуваме првенствено за тинејџери.

Жив закопан

buriedalive1Човек бил  погребан, иако се уште не бил  подготвен да остане  два метри под земјата засекогаш. Подоцна по внатрешноста на ковчегот биле откриени  гребнатини и други лузни од обид за бегство.

Тоа не само што се случило, но во 19-тиот век се случувало доста   често. Вилијам Теб се обидел да ги опише сите вакви случаи во оние денови. Успеал да собере 149 случаи на закопани живи луѓе и десетина  на дисекција или балсамирање, започнати врз сеуште жив човек.

Извор: 365.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1