Еден германски доктор си заработи тужба поради тоа што прогласил 92-годишна пациентка за мртва, а таа по некое време се разбудила во мртовечницата.
Германското обвинителство вели дека 53-годишниот доктор може да се соочи со затворска казна доколку се докаже дека ова е негова вина.
Тој наводно во март оваа година ја прогласил жената за мртва откако во нејзиниот дом била затекната без пулс и знаци на живот. Истата таа вечер во мртовечницата се слушнал врисок од ладната просторија.
Жената веднаш била хоспитализирана, но по два дена починала од срцев удар.